Техничка поддршка
THRAKON признавајќи ја важноста на понудените услуги по продажбата (after sales services) се обврзува на обезбедување на комплетни решенија и совети од квалификувани инженери и искусни техничари сакајќи секогаш да биде блиска со клиентите со високо чувство на одговорност.
Понудените услуги се:
Обука на изведувачите
Нашите стручни лица нудат обука на вашите изведувачи на местото на изградба претставувајќи ги сите методи на примена на производите од нашата компанија.
Информирање на инженери и градежни фирми
Информирањето ќе се врши преку презентација или во вашите простории или во нашето седиште.
Организирање на семинари
Нашата компанија организира бесплатни семинари што ќе се одржуваат на простор на клиентот, или во хотели или во седиштето на компанијата. Во консултација со техничкиот оддел може секој заинтересиран да се пријави за следниот семинар.
Обезбедување на технички решенија за посебни случаи
Инженерите на нашата компанија одговараат на вашите прашања и предлагаат конкретни решенија за проблемите при изградбата.
Дијагностика и решавање на проблеми
Техничкиот оддел е секогаш близок со клиентите за да ги процени и да ги дијагностицира проблемите во градежништвото за време и по примената на нашите производи наведувајќи го соодветниот начин за нивно решавање.
Телефонска поддршка
Одделот за телефонска поддршка функционира од понеделник -петок од 9: 00-17: 00, обезбедувајќи информации за нашите производи и одговарајќи ви на било какви технички прашања што ќе ги поставите.
За обука и учество на следниот семинар ве молиме контактирајте со нас:
ЛИНИЈА ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА
+30 210 3633512
СЕДИШТЕ И ЦЕНТРАЛНИ КАНЦЕЛАРИИ
Бул. Сингру 130,117 45 Атина (Булевар Сингру 130)
Тел: +30 210-3633512-3